Друштвото за санација и останати услуги за управување со отпад БИС ОИЛ-ГРЕЕН ЛИНЕ ДООЕЛ Скопје е основано на 12.12.2023 година. Основна дејност на компанијата е управување со отпадни масла, согласно Законот за Проширената одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, и Законот за управување со дополнителни текови на отпад.
БИС ОИЛ-ГРЕЕН ЛИНЕ ДООЕЛ е лиценцирана компанија од Министерството за животна средина и просторно планирање како колективен постапувач за управување со масла и отпадни масла.
Применувајќи највисоки стандарди и промовирајќи одговорност и проактивност во начинот на управувањето со отпадните масла, БИС ОИЛ - ГРЕЕН ЛИНЕ придонесува за зелена животна средина и поквалитетен живот за граѓаните.
БИС ОИЛ ГРЕЕН ЛИНЕ воспоставува ситем за управување со отпадните масла, во согласност со принципите за заштита на животната средина и со сите важечки законски прописи во Република Северна Македонија.
БИС ОИЛ ГРЕЕН ЛИНЕ го субвенционира процесот на управување со отпадните масла, преку воспоставување на целата потребна инфраструктура, собирање на отпадните масла од изворните локации, транспортирање на истите до лиценцирани рециклатори. Преку овој пристап се постигнување целосно затворање на овој циклус, почитувајќи го сите стандарди и важечки прописи во областа на управување со отпадните масла, заштита на животната средина и постигнување на одржлив развој.
БИС ОИЛ ГРЕЕН ЛИНЕ ја смета заедницата партнер во постигнување на целите на компанијата. Преку едукативни и промотивни кампањи, ние ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните и компаниите за правилно селектирање и управување со отпадните масла, важноста за рециклирање на истите, како и за придобивките од овој процес за животната средина.
Долгорочни и одржливи решенија за исполнување на Националните цели за собирање и рециклирање на отпадни масла.
Грижа за животната средина и здравјето на луѓето, преку воспостаување на ефикасен систем на собирање и рециклирање на отпадните масла.
Одржување семинари за запознавање на членките за функционирањето на системот на Бис Оил Греен Лине